Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Х.Р.(69) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

На 06.10.2026, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка, две рамки и 180 парчиња муниција.