Шпанскиот крал Фелипе VI и кралицата Летиција денеска ја почнаа својата прва посета на Сеута, шпански град во Северна Африка што се соочува со мигрантска криза. Кралскиот пар утре ќе отпатува во Мелила, втората шпанска енклава во Северна Африка.

Голем број луѓе се собраа да го поздрават кралскиот пар. Додека кралот Фелипе се среќаваше со толпата, некои почнаа да го скандираат добро познатиот навивачки слоган „Јас сум Шпанец“.

Кралскиот пар ќе се сретне и со локалните власти.

Тоа е биде прва посета на шпански крал на овие градови од 2007 година. Нивната посета се случува откако околу 80.000 мигранти ја преминаа границата со Сеута во јули, при што загинаа повеќе од 140 лица.

Точниот број на мигранти што останаа во Сеута е непознат, иако градоначалникот проценува дека има околу 15.000 од нив.

Некои мигранти излегоа со обвинувања за злоупотреба, што шпанската влада ги истражува по објавувањето на извештајот на Амнести интернешнл во кој се детално опишани обвинувањата за малтретирање и тортура од страна на шпански војници.

Мароко не го признава суверенитетот на Шпанија над тие мали територии што со векови биле под шпанска контрола.