Македонската фудбалска репрезентација до 19 години постигна победа од 3:1 во вториот контролен натпревар против Косово одигран во Приштина. Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во петтата минута. На три минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.

Во 56.минута Теона Галабовска и донесе водство на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.

Во првиот дуел што се одигра во Приштина, двете репрезентации постигнаа по еден гол, а стрелец за Македонија беше Јована Каралиоска.