Македонската спортистка и фитнес тренерка Леа Стојковска го освои првото место и златниот медал на Светското првенство во кинески боречки вештини.

Стојковска е активна фитнес тренерка и членка на боречкиот клуб Вардар.

-Освојувањето на светската титула претставува значаен успех за Леа Стојковска, но и момент на гордост за македонскиот спорт. Нејзиниот резултат е доказ дека со напорна работа, силна волја и посветеност може да се стигне до самиот светски врв. Златото е нејзино, а успехот е гордост за Македонија. Честитки за Леа Стојковска за овој извонреден резултат и за достоинственото претставување на македонскиот спорт на светската сцена, соопштија од Боречкиот клуб Вардар.

„World Shuai Jiao Games 2026“, се одржуваат во Монтесилвано, Италија. (МИА)