Од 2.ноември Германецот Александер Зверев ќе биде тенисер број 1 на АТП листата и како број 1 ќе ја заврши 2026 година.
Ова е познато откако Карлос Алкараз беше елиминиран во воведните кола на Мастерсот во Шангај. На тој начин Зверев и математички ќе биде број 1.
Но, голема „заслуга“ има и Јаник Синер, кој ќе загуби многу поени до крајот на година бидејќи не настапува поради повреда.
– Да го видите бројот 1 покрај името е дефинитивно посебен момент. Во моментов сум број 2, а ќе бидам број 1 на крајот од годината. Но, тоа се должи на отсуството на Синер. Кога тоа ќе се случи ќе биде посебен момент за мене, изјави Зверев.
Зверев ќе биде првиот Германец што календарската година ќе ја заврши како број 1, а прв по Борис Бекер, кој на таа позиција беше во 1991 година.




