Работата на неколку терминали на сателитскиот интернет-систем „Старлинк“ била ограничена во текот на ноќта, изјави денеска советникот за технологии на украинскиот претседател, откако американскиот претседател Доналд Трамп повика на запирање на нападите врз енергетската инфраструктура.

„Во текот на ноќта, ‘СпејсИкс’ воведе ограничување на брзината на мобилните терминали ‘Старлинк’“, изјави советникот Серхиј Бескрестнов.

Тој нагласи дека украинските одбранбени сили не биле однапред предупредени за ова ограничување, што довело до нарушување на неколку воени мисии. Според него, овој потег не може да биде случаен и е директно поврзан со актуелната политичка ситуација.