Дали адвокатот на Ива Михаилова направил „лажен цепелин“ за да одвлече внимание од дипломатската акција за нејзино извлекување од Македонија?
Ова, како што пишува Експрес е едно од прашањата кои се поставуваат откако Македонија објави дека Михаилова не ја минала границата легално а Бугарија изјави дека не знаела за бегството на девојката и не ја примила преку граничен премин.
Сомнежите се уште поголеми откако граѓанин кој патувал кон Бугарија на денот кога избега Ива Михаилова посведочи за интересна ситуација која не мора да значи ништо но е многу интересен момент и со оглед на предходните иакуства со бегството на екс премиерот Никола Груевски може да се аплицира како можно сценарио и во овој случај.
Изјавата на граѓанинот ја пренесува off.net.mk
„Во саботата во 08:00 пред мене на Деве Баир помина ова ауди со дипломатски таблици на Бугарија. Имаше темни стакла, ќумур црни.
Застана една секунда кај наша полиција и без застанување кај Бугарите.
Модел Audi A8 Long. Можеш теле да пренесеш внатре, а не пак девојче од метро и пеесет, поготово ако не смее да се контролора ради CD таблици”, вели граѓанинот чија опсервација ја пренесува off.net.mk.
Според меѓународните узанси лицата кои се наоѓале во бугарското дипломатско возило биле должни на граница да приложат дипломатски пасош и соодветна дипломатска лична карта (акредитација) за да го докажат својот статус и идентитет.
Во исто време согласно меѓународното право, македонските гранични и царински служби не смеат да извршат претрес или преглед на официјално возило со дипломатски таблички на Бугарија (или на која било друга земја).
Овој статус е регулиран со Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година, чии потписнички се и Македонија и Бугарија.
Бугарија во случајот може да се вади со неповредливост на имотот.
Според Член 22 и член 30 од Виенската конвенција наложуваат дека имотот на дипломатската мисија и на самите дипломати е неповредлив. Тоа значи дека возилата се имуни на претрес, преглед, заплена или какви било извршни мерки од страна на органите на државата домаќин.
Доколку Бугарија и дала дипломатски статус на Михаилова тогаш Софија теоретски може да се вади на Виенската конвенција но ако таа границата ја минала како „слеп патник“ во дипломатско возило ова може да биде огромен удар за Бугарија која неодамна стана членка на Шенген зоната.
Фотографијата од Деве Баир е фотомонтажа!
Што е лажен Цепелин?
„Лажен цепелин“ е една од најпознатите и најкултните хумористични фрази во историјата на македонскиот спорт. Овој израз потекнува од легендарниот тајм-аут на ракометната репрезентација на Македонија за време на натпреварот против Германија на Европското првенство во 2018 година во Хрватска.
Приказната зад фразата се случи во последните секунди од натпреварот, при резултат 25-25, кога тогашниот селектор Раул Гонзалес повика тајм-аут за да го организира последниот напад за победа:
• Капитенот Кирил Лазаров предложи да се одигра акцијата „цепелин“ (атрактивно додавање и шут во воздух).
• Стратегот Раул Гонзалес веднаш ја одби идејата, велејќи дека Германците се подготвени за тоа и дека „сите веќе го знаат тоа“.
• Во тој момент, пивотот Стојанче Стоилов во свој препознатлив стил дофрли: „А, лажен цепелин?“
Иако предлогот на Стоилов беше кажан во полушеговита конотација, камерите во живо го уловија овој момент кој веднаш стана вирален хит на социјалните мрежи во Македонија. Фразата денес се користи како симбол за македонскиот спортски дух, снаодливост и хумор во напрегнати ситуации, а навивачите дури покренуваа и забавни онлајн петиции по скопските локали да се воведе специјалитет со името „Лажен цепелин бургер“.
Извор: Експрес




