Скопски Алкалоид, со победа се загреа за европското деби.
Тимот на Кирил Лазаров веднаш реагираше по поразот во Охрид и убедливо ја совлада екипата на Стругана со 33-22 (16-8).
Најефикасни во победничкиот табор беа Костески со шест и Тордарсон и Дамјан Митев со по пет гола, а кај Струга се истакнаа Шилегов со пет и Мартин Манасков и Родиќ со по четири гола. Кај Алкалоид одличен беше голманот Иван Галевски со 15 одбрани.
По првите седум кола Алкалоид има шест победи и еден пораз и се наоѓа веднаш зад максималниот Вардар 1961.




