Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го претрпеа вториот пораз во ФИБА Европа купот, откако дома загубија во драматичен меч од Тартусо 92-95.
Средбата во СЦ „Јане Сандански“ понуди голема драма, се играше егал до последните секунди, ама недостигаше концентрација во клучните моменти и тоа резултира со втор неуспех.
Во завршницата се влезе со 79-92, а оттогаш до крајот МЗТ направи одлична серија. Македонскиот првак со 13-0 и тројката на Димитрије Николиќ во последните секунди стигна до егал (92-92).
Сепак, следуваше веднаш одговор и тројка на спротивната страна за победа, бидејќи во последниот напад МЗТ не реализира две слободни фрлања и еден тежок шут.
Токму Николиќ со 22 поени беше најефикасен играч на средбата, додека кај гостинскиот тим се истакна Палек со 21.




