Руските напади со беспилотни летала врз украинската Волинска област, што граничи со Полска, оставија 370.000 луѓе без електрична енергија. Во нападите повредени се две лица, а погодена е и странска фирма.
Украинската полиција соопшти дека во рускиот напад со дронови во градот Уман, централна Украина, погодена е станбена зграда, при што се повредени пет луѓе.
За време на руските напади врз Киев беа воведени итни прекини на електричната енергија.
Полска, членка на Европската Унија и на НАТО, за време на руските напади врз Украина, ги подигна борбени авиони за да го брани својот воздушен простор. Подоцна полската армија соопшти дека не биле регистрирани нарушувања на воздушниот простор на земјата.




