Претседателот на САД, Доналд Трамп, обновените украински напади врз руската енергетска инфраструктура ги оцени како срамни.

Тој за телевизијата „Њузмакс“ (Newsmax) истакна дека тоа е срамота и оти „има многу други можни цели“.

– Мислам дека е потешко да се преговара со Зеленски отколку со Путин. Сè што прави тој е да ги зголемува светските цени на нафтата… Кога напаѓате рафинерии за дизел… не му правите никаква услуга на светот – наведе Трамп.

Зеленски вчера за „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) изјави дека е укината забраната за напади врз руските рафинерии.

Трамп пред пет дена изјави дека Москва и Киев постигнале договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура. Но, примирјето не го потврдија ниту Русија ниту Украина.

– Зеленски не е вистинската личност со која би можеле да постигнеме договор. Тој вели дека сака договор, но всушност не сака. Не ми е особено симпатичен – посочи Трамп.