Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки за поведување дисциплински постапки и изрекување казни за фудбалери и официјални лица од натпреварувањата во рамки на ФФМ.

Поведени дисциплински постапки

-Против ФК Башкими поради слаба организација на натпреварот од 9. коло во Прва МФЛ, меѓу ФК Башкими и ФК Струга Трим Лум.

-Против Муарем Муарем поради неовластено присуство во техничката зона за време на истиот натпревар.

-Против Дурим Хида поради попречување на официјални претставници на гостинската екипа при влез во службените простории на истиот натпревар.

Изречени дисциплински казни:

-Ендрит Рустеми (ФК Шкупи 1927 АД) – забрана за настап на 1 натпревар.

-Стефан Бабунски (ФК Детонит) – забрана за настап на 1 натпревар.

-Трајче Ников (ФК Кожуф) – забрана за настап на 1 натпревар.

-Христијан Торнески (ФК Новаци) – забрана за настап на 1 натпревар.

-Ромео Кочоски (тренер на ФК Охрид) – забрана за вршење функција во траење од 1 месец.

-Валентин Кочоски (ФК Охрид) – забрана за настап на 2 натпревари.