Ракометарот на Вардар, Вукашин Воркапиќ, доби признание за својата одлична партија во Лигата на шампионите, откако беше избран во тимот на колото во најелитното европско клупско натпреварување.

Десното крило на „црвено-црните“ одигра одличен натпревар против Висла Плок постигнувајќи осум гола во дуелот кој Вардар го загуби со 32-33.

Воркапиќ беше меѓу најрасположените во составот на македонскиот шампион и со својата ефикасност придонесе тимот до самиот крај да остане во игра за позитивен резултат.

Покрај Воркапиќ, во идеалниот тим на колото се најдоа уште Михаил Апелгрин, Тим Фрајхофер, Мануел Зендер, Аљуш Анжиќ, Михаел Милер, Камил Шипжак и Роберт Милитару.