Срамно е што СДС се приклучи во адвокатскиот тим на Ива Михаилова, која побегна во Бугарија од судскиот процес со лажни тврдења дека имала загрозувачка состојба и опасност од инвалидитет, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција на Богданка Кузеска од СДСМ, која МИА ја објавува интегрално.

Дури и пријателот на Заев и колега на Филипче, д-р Барбов чие мислење од бугарска страна се користи како алиби на Михаилова за бегство од правдата, призна дека нејзината состојба воопшто не е ризична и дека истата лажирала симптоми и преувеличувала пред јавноста.

Вакви специјални операции за нарушување на кредибилитетот на државата се веќе видени, но сторителите ќе одговараат, заедно со нивните адвокати како што се СДС.

Уставните измени по бугарски рецепт нема да бидат направени со вакви операции, во кои СДС ја има улогата да дефокусира од сообраќајката со смртен епилог и бегството на нивниот клиент Михаилова.

Фото: архива