На плоштадот „Република“ (Place de la République) во Париз, денска околу пладне избија насилни судири. Оваа локација беше почетна точка за големиот марш – во кој учествуваат неколку илјади револтирани демонстранти кои протестираат поради високите трошоци за живот.

Полицијата во неколку наврати употреби солзавец за да ги растера демонстрантите, од кои некои беа маскирани и облечени во црно, додека други фрлаа петарди, јавуваат француските медиуми.

Протестите во Франција започнаа минатиот месец во средните училишта лоцирани во сиромашните северни предградија на Париз. Таму, незадоволството поради недостигот на наставници и лошата состојба на образовните објекти брзо прерасна во движење на национално ниво против нееднаквоста, недоволната јавна потрошувачка и опаѓањето на квалитетот на живот.

Во центарот на Париз има силно полициско присуство, особено околу знаменитости како што се „Шанзелизе“ и Триумфалната капија – области кои беа исклучени од трасите на двете одобрени демонстрации.

Низ цела Франција денеска се планирани стотици други протести, во кои се очекува да учествуваат десетици илјади луѓе.