Бугарија контиунирано врши хибридни операции кон Македонија, а во овој случај е направена саботажа со екстракцијата на Ива Михајлова, цени безбедносниот аналитичар Милан Стефаноски, кој во „Колегиум“ на Алфа објасни дека таа е профилирана затоа што е компромитирана лично, идентично како и нејзиниот родител Симеон Михаилов.
„Ива Михаилова е перфектен фоторобот на ‘младо и невино девочје’ кое треба да биде заштитено“, ја потенцира целата режија и кастингот на софиските тајни служби Стефаноски, додавајќи дека бугарската надворешна политика е прилично кохерентна кога станува збор за Македонија, секогаш надминувајќи ги политичките разлики, нешто што кај нас го нема заради петтата колона СДС.
Бугарија има мотив за вакви саботажи, бидејќи во моментот нашата држава застанува на нозе, односно, Македонија ги поставува темелите на енергетска, стратешка и инфраструктурна независност.
„Коридорите 8 и 10, Чебрен или гасните интерконектори кон Грција ја прават Бугарија прилично нервозна“, објаснува безбедносиот аналитичар и посочува дека Македонија со реформската агенда како земја со најдобри резултати ја зајакнува позицијата како земја реформатор и со војата активност и работа ги суспендира билатералните прашања како предуслов.
Ова не е нешто ново за Македонија, која има историја на вакви злодејанија на свој терен. Хибридните напади започнаа кога Заев наивно обзнани преку СМС порака до Тачи дека е припремен од надвор за сценарио за промена на власта преку шарени револуции подготвувани од “чадорот”, потсети Стефаноски во „Колегиум“ на ТВ Алфа.




