Овој викенд започнува зимското сметање на времето, а поради поврзување со празникот 23 Октомври, Денот на револуционерната борба ќе трае три дена и еден час плус.

Преминот кон зимското сметање на времето е на 25 октомври 2026 година, кога часовниците ќе се вратат еден час назад.

Во ноќта меѓу сабота и недела, во 03:00 часот, стрелките ќе се поместат наназад и времето ќе стане 02:00 часот.

Со тоа официјално започнува зимското сметање на времето.

Во 2027 година, летното сметање на времето треба да започне на 28 март, а да заврши на 31 октомври.