Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека на Русија ѝ е потребен мир во Украина, а не примирје, и додаде дека е потребно „некој во Киев да донесе одговорна одлука“.
„Ништо не се променило кога станува збор за ставот на Москва во врска со решавањето на украинскиот конфликт. Ни треба мир, а не примирје“, рече Песков, објавија руските медиуми.
Според него, украинскиот проблем не може да се реши без присуство на претставници од Киев.
Рускиот пеетседател, Владимир Путин, денеска ќе го прими специјалниот пратеник на американскиот лидер, Стивен Виткоф, а преговорите ќе се одржат во замокот Константиновски во Санкт Петербург.
Виткоф вчера учествуваше во преговорите за украинскиот мировен процес во Осло, а присутни беа и украинскиот претседател, Володимир Зеленски, норвешкиот премиер Јонас Гар Стере и финскиот претседател Александар Стаб.
Зетот на американскиот претседател, Џаред Кушнер, се придружи на состанокот преку конференциска врска.
Американскиот претседател, Доналд Трамп, претходно изјави дека конфликтот во Украина ќе биде решен, но дека украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува во него.




