Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон постигнува многу добри воени и финансиски резултати во конфликтот со Иран, кој го опиша како „мал конфликт со Иран“.

Во разговор со новинарите во воената база Ендрјус, Трамп беше прашан дали се откажал од преговорите со Иран и рече дека не мисли дека воопшто ќе има преговори, но дека договор ќе се постигне доста брзо.

„Повеќето луѓе мислат дека ова ќе се случи по изборите, па ќе видиме што ќе се случи“, додаде тој, осврнувајќи се на претстојните дополнителни избори во САД.

„Но едно ќе кажам – тоа ​​што го направивме со Иран е неверојатно“, рече Трамп, пренесува од „Ал Џезира“.