Земјотрес со интензитет од седум степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во кинескиот автономен регион Тибет.
Кинескиот сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во округ во северен Тибет, во близина на градот Нагчу, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.




