НАТО, Европската Унија и киевскиот режим свесно одат по патот на ескалацијата, а Западот ги засилува своите агресивни активности кон Русија и Белорусија – изјави денеска рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов на седницата на заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на двете земји.
– Воено-политичката ситуација околу нашите земји останува сложена. Забележуваме брзо зголемување на тензиите и агресивните активности на Западот кон Русија и Белорусија – рече Белоусов.
Тој додаде дека особена опасност претставува забрзаната милитаризација на Европа, која ја пренасочува индустријата кон воени цели и подготвува инфраструктура за брзо распоредување на вооружените сили.
Според Белоусов, НАТО планира во 2027 година да го зголеми бројот на припадници на своите осум мултинационални борбени групи на источното крило и да ги трансформира во бригади. Освен тоа, Алијансата планира воени вежби на кои ќе се разработуваат сценарија за офанзива против Русија и Белорусија, продолжи тој.
Рускиот министер за одбрана нагласи дека вооружените сили на Русија и Белорусија треба навремено да реагираат на промените во воено-политичката ситуација, да ја зајакнат меѓусебната соработка во областа на безбедноста и да ги зголемат своите воени капацитети.
– За таа цел ги усовршуваме пристапите кон заедничкото користење на вооружените сили – истакна Белоусов.
фото: архива




