Борче Ангелов и Илија Спасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот клуб во Охрид, добија ослободиелна пресуда откако Апелациониот суд во Битола го врати предметот на повторно судење.
Судот оценил дека не е докажано оти двајцата обвинети го сториле кривичното дело што им се става на товар, како и дека не може да се докаже етнички мотив за нападот. Случајот предизвика политички и меѓународни реакции меѓу Македонија и Бугарија, а по инцидентот беше транспортиран со владин авион на лекување во Софија и доби бугарско државјанство.
На пресудата остро реагираше Карлос Контрера, советник во Софија и потпретседател на ВМРО-БНД, сопартиец на Ангел Џамбаски.
Истата оваа држава конц-логор преговара со ЕУ, известува за напредок, внимавајте. А во Cеверна Македонија не се почитуваат основните, фундаментални правила на европскиот правен систем. Какви преговори! Оваа деспотска држава од азиски тип мора да биде ставена во целосна изолација, парите од ЕУ да се запрат до последен цент и да се наметне 100% гранична контрола на нејзините граници – на сите лица без европски пасоши и на сите камиони што извезуваат производи. Со добро не бидува. Заборавете на секаква законитост, владеење на правото и нормални стандарди. Види, ако им ги запреме парите од фондовите на ЕУ и тие почнат да се редат со оние без бугарско државјанство во колоната не-шенген (државјани од трети земји) на границите, за една година ќе има револуција во Cеверна Македонија, напиша тој.