ЈОВАНКА Кепеска

Придонесот во политиката на определена политичка партија се оценува според два суштински моменти: придонесот во развојот на општеството, според постигнатиот реален материјален и идеен, или културен, резултат и, според реализираниот пристап во односот на државата кон општеството. Реализацијата на ваквите претпоставки не само што постигнуваат успех при заземањето на позицијата во водењето на државата и остваруваат успешна позиција при водењето на општите работи туку, воедно, даваат одговори на многу прашања за улогата на политиката воопшто.

Имено, одново во јавноста, во еден медиум, од еден влијателен поранешен политичар, се обнови тезата за сведување на политиката единствено на релацијата на интересите. Се укажа дека сегашните политички релации во светски рамки, и во Европската унија, се определени со конкретните интереси на земјите. Но, ако таквиот принцип го примениме во политиката воопшто, и со оглед на историјата на развојот во земјите, но и за да го определиме пристапот, колку во нашиот развој толку и за нашите надворешни релации, доваѓаме до морален, и идеен пад, но, и, во крајна линија, до несоответен заклучок. Затоа што, прво, сите акти во ЕУ се донесени пред сî врз филозофијата и науките, на кои не може да им се негира хуманистичка суштина, што говори дека постигнатиот општествен развој на земјите и народите во Европа е резултат на теоретско мислење, преточено во развојот. И во таква смисла говориме за принципи и вредности на ЕУ кон кои тежнееме во нашиот развој.

Иако, оправдано, бевме скептични спрема сколастичките теоретски гледања, што несоответствуваа со стварноста закочувајќи го нашиот развиток, во изминатиов период, поради, што спонтано се свртевме кон прагматизмот како наша фикција дека се приближуваме кон стварноста применивме само оперативност како дејствување без теоретска суштина. Во суштина како преточување од една во друга состојба, без вистинска релација со развојот и иднината, или како негово осмислување на просторазумски начин блиску до елементарниот приод за дејствување исклучително според интересите. Се пледира и за идеолошки пристап кој не е непроменет очигледно од применетиот во едно изминато време и несоответен.

Може ли со таквата „идеологија“, всушност со застарената свест од времето на индустриското производство, како тогашна политика за реализацијата на односот на државата кон општеството да биде соответна за пристапот кон современото општество со оглед на новите технолошки фази? Односно може ли да се апстрахира развојот на природната заедница каква што е народот и со оглед на политичката форма, во нацијата, во која актуелно опстојува, со оглед на третманот кој е нерелевантен и несоответен?

Денешното време бара поинаков пристап во развојот на општеството, и не само во технолошка смисла, за што се соответни науките, туку и како пристап кон општеството во целост во хуманистичка смисла.

Заблудата која опстојува при отфрлувањето на теоретскиот пристап во разрешувањето на состојбите какви што се: регулацијата на односите во општеството или неговата организација, регулацијата на правниот систем, разрешувањето на односите на образованието и науката, културната сфера, економијата, е дека како во развиените општества тоа да не се случило познавајќи го и применувајќи токму теоретски пристап. Односно превидувајќи дека теоретскиот пристап останува и при разрешувањето на новите развојни прашања. А неприменувајќи ги осознаените решенија кај нас ги создадоа проблемите со кои се соочуваме во различните области.

Технолошката фаза во која нужно навлегуваме е објаснета дека инклинира кон осознаеност при секое одвоено делување. А тоа подразбира примена на сето стекнато сознание но и стекнување сознание при чинот на самото дејствување. Така што на дело е еден нов однос на истражување при поединечните но и при општествените дејствувања. При секој чин на нашето дејствување суштенствена ни е информацијата како фигуративна определба и на филозофското и на научното сознание, стекнатото и новото. За очекуваната предаденост при дејствувањето, еден значаен филозоф укажува дека и од инжинерот се очекува да остане целосно преден на машината со која дејствува. Можеме да го разбереме кога се однесува и за учителот, лекарот, браварот, продавачот… Таква предаденост за остварување на односот помеѓу општеството и државата се очекува и од политичарот, од политиката, што претпоставува осознаеност на севкупните релации кои се претпоставени во односот на државата и општеството. Што е далеку од пресликување на едно индустриско време на кое се асоцира идеолошката проекција за работничката класа. Денес, потребен е издвоен однос кон секој сегмент од осознаената социјална структура и применета заштитна политика со оглед на технолошкиот развоен момент на општеството. Покрај севкупните аспекти на општествената организација и развојот на народот.