Алкалоид и Бутел Скопје само два дена после натпреварите во ЕХФ Европскиот Куп се вратија на домашната задача.
Овие два тима ги одмерија силите во осмото коло во Супер-лигата, а победник од оваа пресметка беше гостинскиот состав кој славеше со 24-29 (12-15).
Најдобар поединец кај Алкалоид беше Урош Борзаш со пет гола, четири додаде Дамјан Митев, а на спротивната страна по пет погодоци имаа Лука Јовиќ и Марко Каевски.




