Венко го прати талогот Жерновски да нафрли лажни обвинувања, затоа што знае дека човек кој претставувал амбасадор без да биде акредитиран и не ја кажува вистината за мерцедесот, нема срам и да шири лаги пред целата јавност.

И Венко и Жерновски знаат дека матните зделки завршија со нивниот пад во 2024 година, и всушност тоа е што ги боли, што повеќе не може да крадат пари со луѓето од Вучиќ со кои местеа милионски тендери, се вели во реакцијата  од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Андреј Жерновски од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.

Вистинскиот страв е кај неговиот шеф Венко, кој е свесен дека остатоците во обвинителството и судството не може вечно да го спасуваат од криминалите како што имаа обид да го спасат за модуларната.

И сега, кога кругот кој започна со нивниот пад од 2024 година, па се одразува во Србија кај Вучиќ на кого му постилаа црвени килими и лудуваа до рани зори со кого и пејачите омилени им се заеднички, се плашат од одговорноста која полека ги стигнува.

А затоа што слугуваа кому стигнат за да си ги наполнат џебовите затоа и тонат и се статистичка грешка и граѓаните бегаат од нив и по улица.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: архива