Градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски денеска беше панелист на регионалниот форум „Зелена агенда: од национални политики до локални економски можности“.

На регионалниот форум заедно дел од градоначалниците и експерти дискутиралее за предизвиците, можностите и конкретните чекори кон одржлив развој на општините.

– Како градоначалник на Општина Сопиште и претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион, посебно ја истакнав важноста на поврзувањето на локалните приоритети со националните политики, како и потребата од заеднички регионален пристап во реализацијата на зелените проекти. За Општина Сопиште, зелената агенда значи одговорно управување со природните ресурси, подобра комунална инфраструктура, почиста животна средина, енергетска ефикасност и создавање подобри услови за живот на граѓаните, вели Мицевски.

Смета дека преку силна меѓуопштинска соработка, добро планирани инвестиции и искористување на достапните национални и европски фондови можат да реализираме проекти кои ќе имаат долгорочен бенефит за сите општини во регионот.

– Нашата цел е јасна зелената агенда да не остане само стратешка определба, туку да стане реалност преку конкретни проекти и видливи резултати. Продолжуваме посветено да работиме за развој на Општина Сопиште и за посилен, поодржлив и поразвиен Скопски плански регион, истакнува Мицевски.