Претседателката на руската Централна банка, Елвира Набиулина ја нарече „несоодветна на вистината“ информацијата дека Венецуела ги држи златните резерви во Русија. Таа го изјави тоа пред новинари на средба на Асоцијација на банки на Русија.

– Таа информација не соодветствува со вистината, изјави Набиулина во одговор на новинарско прашање.

Невообичаеното пристигнување на руски патнички авион во Каракас разгори информации на социјални мрежи откако Русија објави дека го поддржува претседателот Николас Мадуро.

И Дмитриј Песков, прессекретарот на претседателот Владимир Путин негираше синоќа такви информации.

– Немаме таква информација и сега треба да се однесуваме внимателно поради лажни вести. Русија е подготвена за смирување на ситуацијата во Венецуела без да се меша во внатрешните работи на таа држава, изјави тој.