Вториот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница ќе се одржи утре 1 ноември, а во населените места во општината денеска гласаат болните и изнемоштените.
Првиот круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница се одржа пред две недели на 18 октомври, а најмногу гласови освоија кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
Синоќа на полноќ почна изборниот молк за вториот круг од Предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
На изборите на 18 октомври право на глас имаа 16.256 граѓани, а излезноста изнесуваше 46,56% (гласале 7.565 избирачи).
Бидејќи ниту еден од кандидатите не го освои потребното мнозинство, во општината се организира втор круг гласање.
Предвремени избори за градоначалник во општината се организираат откако градоначалникот Јовица Илиевски ненадејно почина.
Фото: архива




