До 13 часот на вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница гласале 4.518 избирачи, што претставува 27,81 отсто од вкупниот број запишани гласачи, соопшти Државната изборна комисија.
Според податоците доставени до ДИК од сите 24 избирачки места, излезноста е за 7,31 процентен поен повисока во споредба со првиот круг од изборите, одржан на 18 октомври годинава.
Во однос на заштитата на избирачкото право, до 13 часот до Комисијата бил поднесен еден приговор, кој бил усвоен, по што на гласачот му било овозможено да го оствари правото на глас.
Од ДИК информираат дека следниот пресек на излезноста и текот на гласањето ќе биде соопштен на прес-конференција закажана за 15:30 часот во седиштето на Комисијата.




