СВР Струмица поднесе кривична пријава против двајца мажи, на возраст од 37 и 31 година, поради сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.

Според информациите од полицијата, на 25 декември 2025 година, на булеварот „Гоце Делчев“ во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над 31-годишниот Н.С. од село Воиславци, Радовишко, при што пронашле и одзеле марихуана.

Со преземените активности било утврдено дека дрогата претходно ја набавил од 37-годишниот С.З. од село Муртино, Струмичко.

Против двајцата е поднесена кривична пријава за дело според член 215 од Кривичниот законик.