Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода двајца возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, еден управувал возило без положен возачки испит и тоа: Р.М.(28) од с.Долно Којнаре, кумановско. Додека, пак, под дејство на алкохол патничко возило управувал З.Д.(59) од Скопје, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.




