На 02.11.2026 во 05:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода П.Т.(41) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 39-годишна поранешна сопруга дека физички нападнал едно од нивните малолетни деца, додека биле на викенд кај него по решение од Центар за социјални работи Велес.
Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




