Струга Трим Љум издвојува победа над Вардар од 1-0 во дерби средбата со кое се заокружи 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Ова за актуелниот македонски шампион беше трет сезонски пораз, втор од истиот ривал кој ги доби и во август годинава со истиот резултат.
Сега Струга има 26 бода еден помалку од Шкендија со која се соочува во наредното коло. Вардар пак останува на 21, тим кој во наредната рунда има тешко гостување кај Силекс во Кратово.
На вториот натпревар од денешниот термин Башкими го доби Арсими со 2-1. Ристовски и Рибеиро го донесоа третиот сезонски триумф за клубот од Куманово.