Ден по шокантниот пораз од новиот прволигаш Рудеш (0-1) во рамки на 12. коло во хрватското фудбалско првенство, раководството на загрепски Динамо објави попладнево дека Марио Ковачевиќ веќе не е тренер на актуелниот шампион.
Одлуката на раководството на загрепскиот клуб, предводено од Звонимир Бобан, се најавуваше веќе неколку денови, особено по поразот минатата недела на домашен терен од холандски НЕЦ во Лига Европа.
Хрватскиот стратег го предводеше Динамо на 73 натпревари, а минатата сезона ги освои првенството и Купот.
Следните два натпревари на клупата на Динамо ќе седи Јерко Леко, кој досега го предводеше резервниот тим на загрепскиот клуб. (МИА)




