Француската Национална жандармерија соопшти дека на протестите во земјата се забележува „неприфатливо насилство“ врз органите на редот.

На социјалната мрежа Икс (X), полицијата објави фотографија и видео на кои се гледа моментот кога на еден полицаец му се запалува ногата. Тој се здобил со тешки изгореници во нападот.

Претседателот на крајнодесничарската партија Национален собир, Џордано Бардела, го опиша запаливиот уред како оружје „наменето да убива“ и побара сторителите да бидат осудени на долгогодишни затворски казни.

Во Франција веќе неколку дена се одржуваат протести поради високите трошоци за живот и лошата состојба во образованието.