Денешниот ден донесе две важни сесии во Малезија, каде на патеката во Сепанг најпрво гледавме квалификации за главната трка која се вози утре, како и спринт возбудувања кои донесоа и завршна драма поради дожд на стазата.

Алекс Маркез му ја украде пол-позицијата на својот брат Марк во квалификациите, но помалиот од браќата не успеа да стигне до победа во спринтот, иако тргна навистина добро на стартот.
Младиот Шпанец успеа да биде побрз за половина секунда пред својот сонародник Марк Маркез, кој во голем дел од трката беше внимателен и возеше зад водечките во услови кога почна да врне.