Антимакедонецот Филипче потврди дека е вистински талог. После Наумов кога пишуваше писма против Македонија, уништувањето на Еуростандард банка и ширењето хистерија со лаги имаме лоша вест за антимакедонската СДС. Банкарскиот систем е стабилен и има механизми за целосна контрола на секоја ситуација која може да биде последица од случувањата со Алта банка во Србија, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално.
Банкарскиот систем во Македонија е комплетно безбеден, работи според македонските закони и е под непосредна супервизија на Народната банка.
Филипче треба да знае дека државата има законски систем за осигурување на депозитите и ниеден граѓанин не може да биде оштетен.
Филипче нема интерес за фактите и ова е уште еден доказ за бескрупулозно нанесување штета на државните интереси. Преку Башановиќ да ја навредуваат Македонија, да предвидуваат и посакуваат апокалиптични сценарија, затоа што не сакаат инвестиции и развој на државата, сето тоа е по насока на српскиот или, пак, на бугарскиот свет, на кои им слугуваат.
Повторно лоша вест за антимакедонската СДС, оваа држава има систем кој функционира. Фактите ќе ги демантираат повторно. Филипче лажеше за мигрантите, за унгарскиот кредит ја видовме истата политичка кампања, но најсилен демант добија од Државниот завод за ревизија. Очигледно, СДС продолжува да се надева дека политичката доверба ќе ја врати преку недоверба во сопствената држава. Партиската желба за криза нема да ја претворат во факт.




