Од ЕВН Македонија АД информираа дека за ден 04.11.2026 година (Среда) без електрична енергија ќе останат следните корисници:

  • Поради интервенција во ТС Маџари 19 од 08.30-14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат потрошувачите ул Никола Киров-Мајски и ул.Благоја Стефковски во Маџари(Општина Гази Баба)
  • Поради интервенција во ЕЕ мрежа од 09.00-10.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите позади Џамијата,ул.1,3 и 5 во с.Сарај(Општина Сарај)
  • Поради планирана работа од 09.00-12.00 часот без напојување ќе бидат потрошувачите од ул.Саса2(Општина Кисела Вода)

Од ЈП Водовод и канализација информираа дека за ден 04.10.2026 година прекин на водоснабдувањето ќе има на следниве населени места:

– Поради уличен дефект ф-80 мм на крстосницата Борка Талевски / Апостол Гусларот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Борка Талевски (потегот од Ленинова до Рајко Жинзифов, вклучително и ООУ Јохан Хајнрих Песталоци).

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.(Општина Центар)