Евролигата го прогласи македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс за најкорисен играч (МВП) на месец октомври.

На девет одиграни натпревари во Евролигата, македонскиот плејмејкер бележи просек од 17,1 поен, 5,7 асистенции, 1,8 скокови и 0,9 украдени топки по натпревар.

Во категориите поени и асистенции се наоѓа на третото место во лигата, додека со просечен индекс на корисност од 20,7 е меѓу двајцата најдобри играчи според овој параметар.