Прв противник на Македонија е репрезентацијата на Луксембург, дуел кој ќе се игра во среда (04.11.2026) во СЦ „Борис Трајковски“, со почеток во 19 часот. Покрај оваа селекција, во нашата група се уште Грција и Шведска.

Мартин Томовски е еден од нашите репрезентативци да донесат стабилност на голот на Македонија.

„Да се собереме, да ни се приклучат и играчите од дербито со здравствен билтен без проблеми и да почнеме. Прв меч на домашен терен, фаворити сме, но Луксембург не е екипа што може да се потценува.

Ќе се подготвиме максимално за нив, целиот фокус е насочен кон тој натпревар. Се надевам дека сè ќе помине добро и дека во среда ќе се радуваме на првата победа во квалификациите.

На овој собир треба максимално да се вложиме, а имаме и нов играч. Димитро Горига треба да се вклопи во составот и не би требало да имаме проблем“, изјави Томовски.

Томовски е меѓу тројцата најдобри голмани во најсилната Бундеслига.

„Среќен сум поради моменталната форма. Работам напорно и се залагам. Се надевам дека таа форма ќе ја пренесам и во репрезентацијата. Тоа е најбитно, за полесно да функционираме и да победуваме, да се надградуваме и да одиме напред“, изјави Мартин Томовски.