Вицепремиерот Александар Николоски информираше дека денеска владина делегација, предводена од премиерот Христијан Мицкоски, остварила бизнис-средба со претставници на германски компании од Северна Рајна-Вестфалија кои веќе се присутни во Македонија.
На средбата биле презентирани можностите за нови инвестиции, со цел проширување на економската соработка и отворање нови работни места во земјава. Разговорите опфатиле и инфраструктурни проекти и капитални инвестиции, кои се меѓу владините приоритети.
Николоски посочи дека Владата продолжува да работи на создавање стабилна и поволна деловна клима, со цел германските компании да ја препознаат Македонија како атрактивна дестинација за долгорочни инвестиции.




