Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски, се приклучи на националниот тим по дербито во Суперлигата и се подготвува за мечот со Луксембург.
„Македонија во изминатиот период покажа континуитет на големите натпреварувања, сакаме да го продолжиме истиот и мислам дека од првенство во првенство напредуваме. Оваа генерација за која се зборуваше порано дека надоаѓа, мислам дека сме позрели и имаме доволно првенства во нашите нозе.
Сега сме поискусни, посакуваме и сонуваме за уште едно ново првенство. Одиме чекор по чекор, задачите ни се дадени и се е јасно. Треба да одговориме на она што е спремно.
Никого не го потценуваме, без разлика што имавме малку време за подготовка, против Луксембург ни следи интересен меч пред домашна публика. Мора да бидеме спремни, да ја почитуваме тактиката. Сакаме да победиме и во добра атмосфера да се соочиме со Грција.“, изјави Кузмановски.
Натпреварот помеѓу Македонија и Луксембург се игра на 4 ноември во СЦ „Борис Трајковски“.




