По растот на индустриското производство, уште еден економски показател ја потврдува успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ, велат од владејачката парија.
Од партијата соопштуваат дека според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работници во индустријата во декември 2018 е зголемен за 2,5 отсто во споредба со декември 2017 година. На годишно ниво бројот на работници во индустријата во 2018 е зголемен за 5,9 отсто во однос на 2017 година.
-Успешните економски политики, реализираните мерки како и зголемената поддршка кон домашните компании придонесоа за намалување на невработеноста на 20,8 отсто. Со влезот во НАТО и забрзувањето на интеграцијата во ЕУ овие параматри дополнително ќе се интензивираат, со интенција невработеноста да опадне на историски минимум под 20 отсто, велат од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите за обезбедување нови работни места, зголемени инвестиции, повеќе пари и повисок животен стандард за сите граѓани.
.