Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги демантира денешните обвинувања од СДСМ за јавниот долг.
– Најодговорно тврдам дека никогаш не сум била дел од какви било незаконски или противправни постапки. Обвинувањата поврзани со јавниот долг се целосно неосновани и претставуваат обид за манипулација со јавноста – вели министерката за финансии во објава на „Фејсбук“.
Димитриеска-Кочоска вели дека податоците за јавниот долг на Министерството за финансии се официјални и се засноваат на релевантни информации и податоци кои се црпат од сите надлежни институции, согласно нивните законски надлежности и обврски.
МИА




