Извозот на стоки од земјата во периодот јануари – септември 2026 година достигнал 6,62 милијарди евра и бележи раст од 10,8 проценти во споредба со истиот период лани. Истовремено, увозот изнесувал 9,18 милијарди евра, што претставува зголемување од 7,9 проценти, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во овој период е остварен трговски дефицит од речиси 2,56 милијарди евра.
Според производите, во извозот најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и другите катализатори на носачи.
Во увозот најзастапени се нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, другите метали од платинската група и нивните легури, како и моторните возила за превоз на лица.
Во периодот јануари – септември 2026 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија. Овие пет земји учествуваат со 49,7 проценти во вкупната размена.
Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,8 проценти во вкупната надворешнотрговска размена на земјата.
Фото: ВИ




