Граѓаните да бидат спокојни, нема да дозволиме нова Еуростандард банка, АЛМАКО и ТАТ, а доколку ОЈО сериозно се занимаваше во минатото, Венко Филипче денеска немаше да шири хистерија и паника, истакна уште во своето гостување во „Колегиум“ на Алфа телевизија пратеникот Љупчо Пренџов, осврнувајќи се уште на периодот од 2015 – 2016 година кога во тоа време Македонија за прв пат доби техничка Влада во која тогашниот висок функционер на СДСМ Кире Наумов беше назначен за земеник министер за финансии, кој во тој период до меѓународните монетарни институции пушувал писма дека Република Македонија се наоѓа во тешка финансиска состојба, при што како последица на веќе договорен кредит кој што требаше во тоа време да го земи државата сменети биле условите и Македонија доби кредитит со 30 милиони евра повисока камата што ја платија граѓаните на Република Македонија, а одговорност за сторената штета немаше од никого. Да реагирало уште тогаш обвинителството, немаше ништо да има од ова што ни се случува денес.

-Целата оваа паника, Венко Филипче ја шири затоа што во изминативе години, наместо Кире Наумов да биди во затвор беше слободен човек и функционер, затоа ја шири Венко паниката, вели Пренџов и продолжува:

„2015 – 2016 година кога имаше техничка Влада, кога требаше да се подиогне определен кредит, тогаш СДСМ преку Кире Наумов пишуваше писма до секоја една банка, инансиска институција Меѓународен фонд во кој што му велеше дека владата ќе крахира, како сега што велат, дека пензии ќе нема, дека ќе нема пари за субвенции, како што сега велат и дека тие луѓе кои што ќе и дадат кредит во тој период, можеби тие пари нема да им бидат вратени“.

Тогашната Влада го зеде кредитот, но не по претходно договорена камата, благодарение на писмата на Наумов кој што ги испраќаше до меѓународните монетарни институции Македонија плати 30 милиони евра повеќе камата, и за тоа никој не одговараше, вели пратеникот.

-Тогашната Влада сепак зема кредит, но го зема по многу повисока камата. Разликата помеѓу првичната договорена камата на таа Влада и реално земената камата поради писмата на Кире Наумов беше разлика од 30 милиони евра. Писмата на Кире Наумов во техничката Влада пишувани до меѓународните финансиски институции овој народ го чинат 30 милиони евра. Дојдоа потоа на власт на начин на кој што дојдоа, и наместо тогашниот обинител Јовески, наместо да го викне и да видиме зошто тие 30 милиони сме ги платиле како народ, а тој кредит е целосно вратен, финансиран од страна на државата, тој стана директор на некоја банка во државата. Кога во оваа држава немате соодветно обвинителство и кога немате некој во минатото казнет за слично овакво дело, тоа слично дело ќе ви се повторува, бидејќи финансиската стабилност на државата, монетарната политика, курсот на денарот и банкарскиот систем се дел од националната безбедност на Република Македонија, истакна Пренџов.

Тој вели дека обвинителите треба да се бават посериозно со тоа што се случува во Република Македонија. Да се бавеа сериозно со Кире Наумов, сега немаше да ја имаме оваа паника која што ни ја прави Венко Филипче, тоа е првата работа.

-Живееме во држава каде што важат закони, ако не ги почитуваме, како некој кој што се претставува како лидер на опозиција, претендира да биде премиер и ги злоупотребува законите како неговиот претходник од Струмица и притоа никој не ко казнува како држава, бидејќи од нашите даноци како што јавните функционери и јавните обвинители земаат плата јавна плата. Кога тој не го санкционира тоа, ви се јавува за мигранти, ви се јавува за водата, хистерија за 300 работи, на крај за банкарскиот систем каде што преку полувистини, фабрикувани работи и преку сцени од други држави се шири хистерија помеѓу македонскиот народ и се нарушува финансискиот монетарен и банкарски кредибилитет на оваа држава, изјави Пренџов.

Алта банка во Македонија е автентичен правен субјект кој што работи исклучиво согласно македонските закони, НБРМ постави администрација, администрацијата не ја носи банката во стечај, туку управува со таа банка.

-Треба да знаеме дека Алта банка во Македонија е автентичен правен субјект кој што работи исклучиво согласно македонските закони. Во петокот имавме редовна состојба во банкарскиот систем во државата. Во саботата во еден ден се вадат околу 2 милиони евра од банката. Во истиот тој ден, во првиот работен ден во понеделник, НБРМ презема мерки, со тоа што администрира во банката, значи банката не оди во стечај. Администрација не носи банка во стечај, влегува во банката и се управува со таа банка и во најможен краток период банката ќе добие решение во интерес на сите оние кои се дирекно или индирекно поврзани со банката, потенцираше Пренџов.

Банката нема да пропадне вели пратеникот, се додека премиер е Христијан Мицкоски и ние како управувачко мнозинство во рамки на Собранието нема да се случи ново ТАТ, АЛМАКО и Еуростандард банка.

-Дали бакната ќе оди на продажба, дали ќе има некоја друга работа, но банката, парите на граѓаните на банката ќе бидат 100% обезбедени. Точно е дека се ограничени, тоа се прави народски кажано „предострожно“ со цел во многу краток временски период банката да биде соодветна и добие решение. Банката нема да пропадне. Најодговорно тврдам, додека сме ние, како што сме сега управувачко мнозинство во рамките на Собранието, се додека е Христијан Мицкоски премиер на оваа наша Влада, на Република Македонија ниту ќе и се случи ново АЛМАКО, нити ќе и се случи ТАТ, нити ќе и се случи нова Еуростандард банка, дециден беше Пренџов.

Пренџов уште тогаш порача граѓаните да бидат спокојни.

-Граѓаните да бидат спокојни, веднаш се влезе истиот тој ден и ќе се санираат штетите, ќе се санираат се што е поврзано со банката, граѓаните да бидат мирни, се додека Христијан е премиер а ние сме управувачко мнозинство во Собранието и носиме закони, ниту ќе дозволиме ниту Еуростандард како што ни се случи, ниту ТАТ, ниту АЛМАКО. Такво нешто нема да има во банкарскиот систем во Македонија, најодговорно тврдам, порача пратеникот Пренџов.

За опозициската хистерија околу „Алта банка“ АД Битола пишува Петар Поп-Арсов во најновата негова КОЛУМНА во која вели дека македонската јавност по којзнае кој пат е принудена да сведочи на една поинаква, крајно деструктивна, антидржавна и ретроградна реалност. Опозицијата, предводена од дезориентираниот СДСМ и Венко Филипче, брутално покажува дека личниот, кариеристичкиот и теснопартискиот интерес ги става далеку пред државните и националните интереси на македонските граѓани.

Најдобар, најочигледен и најнов доказ за оваа политичка бескрупулозност е добро осмислената, оркестрирана и хистерична хајка околу случајот со „Алта банка“ од Битола. Опозициските редови, во недостиг на реални проекти, идеи и визија за иднината, свесно инфилтрираат паника, дезинформации и шпекулации во јавниот простор, директно удирајќи врз монетарната стабилност на државата. Ова не е само обична политичка дебата или легитимна критика кон власта, ова е свесен, добро проценет обид за финансиска диверзија врз сопствената татковина. Филипче и неговите партиски послушници покажуваат подготвеност да ја запалат куќата за да уловат само еден евтин политички поен, не водејќи сметка за штетата што можат да ја предизвикаат врз целиот банкарски систем.

За да се разбере суштината на овој случај и да се разоткрие оваа фабрикувана криза, потребно е најпрво нештата да се дестилираат од политичкиот отров кој секојдневно се пласира од „Бихаќка“ и да се согледаат низ призмата на суровите и објективни економски факти, пишува Поп – Арсов.

Основната теза од која мора да се тргне, а која опозицијата намерно и тенденциозно ја замаглува со бомбастични изјави за некакви заговори и тајни зделки, е дека овде станува збор за класична, чиста деловна инвестиција на правен субјект од една држава во друга земја. Во конкретниов случај во Македонија. Тоа е легитимен деловен потег на странски инвеститор на слободниот пазар, кој одлучил да го пласира својот капитал во битолската банка.

Секој сопственик на капитал подлежи на законите и регулативите на пазарот каде што оперира. Апсолутно е небулозно, неписмено и крајно малициозно овие надворешни настани да се рефлектираат врз македонскиот финансиски пазар како некаков системски пропуст на домашните институции или како некаква имагинарна вина на сегашната владејачка гарнитура. Но, за СДСМ логиката и фактите никогаш не биле важни кога треба да се креира хаос.

Наместо да се покаже елементарно државничко однесување, зрелост и да се остават независните регулаторни тела да си ја завршат својата работа согласно строгите законски процедури, Венко Филипче и СДСМ брутално ја политизираат оваа тема. Нивната цел не е заштита на граѓаните, ниту пак некаква реална грижа за штедачите и нивните влогови. Нивната единствена цел е креирање на вештачка криза, ширење на дефетизам и создавање на психолошки притисок врз јавноста. Секојдневното бомбардирање со црни сценарија, апокалиптични најави и измислени паники за банкарскиот сектор не е ништо помалку од свесна дестабилизација и класична економска саботажа на сопствената држава, пишува меѓудругото во својата колумна Петар Поп – Арсов.

Одруга страна ескпертите и познавачите се согласни дека „Алта банка“ Битола и „Алта банка“ Србија се два различни субјекти. „Алта банка“ Битола работи според македонското законодавство и регулатива, а НБРМ превзеде навремени и соодветни мерки како надлежен региулатор во нашата држава со цел заштита на имотот на банката, штедачите и фирмите кои работаат со банката.

Во вчерашното излагање на Костов и Ѓурчевски за Курир децитно објаснуваат дека во случајот станува за двара различни правни субјекти, а „Алта банка“ Битола функционира според македонските законски регулативи и нема никаков проблем со тоа што Народната банка на Република Македонија превзеде навремени и соодветни мерки како надлежен региулатор во нашата држава.

Алта банка Битола не е во стечај, имотот, команиите и штедачите се заштитени.

-Еве како за пример, во Србија Алта банка Србија отиде во стечај и таму се затворени околу 57.000 штедачи и околу 10.000 компании кои работаат со банката. Кај нас тоа не е случај, Алта банка Битола не е во стечај. Имотот, команиите и штедачите се заштитени. Сето друго е злонамерен спин со цел да се предизвика паника и хаос, а тоа го прави Филипче и СДСМ , нека им служи на чест, заклучи Костов.

Истото го смета и безбедносниот експерт Љубомир Ѓурчевски кој во врска со ново настанатата состојба во Алта Банка АД Битола, каде опозициските партии со своите неприципиелни коментари и паушални обвинувања за криминогени активности во Банката поврзани со АЛТА Банка Србија неоправдано предизвикува страв и паника кај граѓаните со крајна цел деградирање на вкупниот банкарски систем во Македонија.

Во случајот на Алта банка нема стечај, нема нефункционални и необезбедени кредити а мерките превземени од страна на НБРМ се навремени и ефикасно се грижат за сите коминтенти на Банката. Токму заради тоа јас со оптимизам гледам на целата постапка како и на постапката за продажба на Акциите во најповолна можна цена, потенцираше Ѓурчевски.