Во емисијата „Утринско еспресо“ на Радио Лидер гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој побара од Јавното обвинителство да ги провери сомнежите за евентуална поврзаност на поранешниот претседател Стево Пендаровски со градежна инвестиција на Еролд Муслиу во Влае.
-Факт е дека сопругата на Еролд Муслиу е инвеститор на таа градежна зграда и исто така е факт дека постојат одредени сомневања за коишто ние прашуваме дали во истата таа инвестиција учествувал и поранешниот претседател на Република Македонија, еве поставуваме прашање, тој тоа го демантираше, но сметам дека тука треба органите тоа да го проверат дали е тоа така или не, рече Стојаноски.
Во однос на објектот кој се гради во Влае, Стојаноски прашува на кој начин семејството Муслиу има заработено за да си дозволи изградба на ваков станбен објект.
-ЈО треба да провери дали тој господин којшто е сопруг на инвеститорот на таа градежна зграда, можеби дел од тие средства ги има прибавено или еве прашувам, дали тие средства ги има прибавено од одредени други дејствија со коишто можеби на одредени припадници на безбедносните служби им дозволил да имаат сертификат на сметка на други за кои што со лажни службени белешки со н.н лице, којшто лично тој ги наведуваше можеби им ја одземал можноста да имаат безбедносен сертификат и на тој начин им ја одземал можноста да соработуваат со безбедносните служби или да напредуваат во истите, вели Стојаноски.
Тој се осврна и на случајот со грантовите во вредност од 600 илјади евра, кои биле доделени од тогашната влада на СДС, на лица блиски до тогашни високи функционери, меѓу кои директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, и тогашниот вицепремиер за економски прашања, Фатмир Битиќи.
-Го повикувам ЈО да го провери тој наод, затоа што ние сме сигурни дека тоа што го кажуваме има вистина во истото, бидејќи кога бевме опозиција ние изнесовме еден скандал кој што беше вистинит во кој што беа инволвирани тогашни двајца високи функционери, Еролд Муслиу како директор на Агенцијата за разузнавање и Фатмир Битиќи како вицепремиер за економски прашања во коишто лица, коишто се во непосредна нивна близина односно нивно потесно семејство, добиле грант од владата од 600 илјади евра, тоа е факт’, констатираше Стојаноски.
Пратеникот упати критики и кон поранешниот претседател Пендаровски, обвинувајќи го дека и за време на претседателскиот мандат ширел невистинити информации и учествувал во создавање на, како што рече, лажни вести на социјалните мрежи.
-Инаку кога сме за постапување или не постапување од аспект на поранешниот претседател на државата видовме пред неколку дена дека се занимава со создавање на лажни вести на социјалните мрежи и прави скриншот и за вести кои се тотално непостоечки, но она коешто го видоа граѓаните сакам да го знаат дека истото тоа тој го правеше додека беше претседател на државата, освен оговарање и пуштање на муабети и изнесување на лаги и гнасни измислотини, ништо друго и не направи за оваа држава, појасни Стојаноски.
Стојаноски оцени дека Обвинителството треба да ги испита и сомнежите за потеклото на средствата вложени во градежни инвестиции од страна на лица кои претходно имале високи позиции во безбедносните служби.
-Во истиот тој скандал со 600 илјади евра коишто тие ги зеле од владата, за кои што овој кој бил вицепремиер имал секакви основи да влијае на одлучувањето, се обиделе пет дена потоа да ги заташкаат случаите со тоа што се бришеле од сопственичката структура на невладините организации коишто ги добиле тие средства. Да се разбуди ЈО ги има добиено сите ресурси коишто ги бара и да почне да поставува прашања, бидејќи се додека ваквите ликови кои што се сива еминенција градат згради од кога ќе завршат со своите разузнавачки кариери во коишто кариери нема ништо добро за безбедноста на државата, имате милион работи коишто се незаконски и да дојдете до средства коишто вас ќе ви генерираат приход или да градите хотел во центарот на Скопје или да градите комплекс згради, рече Стојаноски.




