Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе го прими извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија, кој ќе му го врачи амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас.

Како што информираат од Владата, средбата и врачувањето на извештајот се закажани за четврток, 5 ноември 2026 година, со почеток во 14 часот, потоа Мицкоски и Рокас ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија-центарот на Владата.

Извештајот на Европската комисија е важен документ во кој се оценува напредокот на земјата во клучните области и реформските процеси поврзани со европската интеграција.

Очекувањата и оценките содржани во извештајот ќе бидат во фокусот на утрешното обраќање на премиерот и амбасадорот на ЕУ.