Стево Педаровски и сателитите околу него, функционери на СДС, продолжуваат да лажат и да шират манипулации додека се богатат врз грбот на граѓаните. Префрлувањето на вина е својствено за СДС.
Стево Пендаровски со денешниот ФБ статус, призна дека објектот кој се гради во Влае е на Еролд Муслиу, поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање и близок соработник на Стево Пендаровски.
Прашањето е едноставно: од каде се милионите за оваа инвестиција и дали пријавените семејни приходи на Муслиу можат да го оправдаат ваквиот капитал?
Пендаровски го назначи Еролд Муслиу за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.
Бараме транспарентност, документи и одговори, а од надлежните институции очекуваме да го испитаат потеклото на средствата и евентуалните судири на интереси.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ




