Германскиот ракометен клуб Интерактив официјално соопшти дека македонскиот тренер Филип Лазаров повеќе нема да ја води екипата, ставајќи крај на повеќегодишната соработка.

Лазаров се пресели во Интерактив во 2018 година како играч од редовите на Бешикташ, а по завршувањето на играчката кариера во 2022 година ја презеде тренерската клупа.

Уште во дебитантската тренерска сезона ја освои шампионската титула и го внесе тимот во Третата Бундеслига, а под негово водство клубот го освои и германскиот аматерски Куп.